Сè повеќе земји воведуваат ограничувања за патниците од Кина поради Ковид

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави (САД) размислуваат да воведат ограничувања за патниците кои доаѓаат од Кина, каде властите нагло ги олеснија мерките против Ковид-19, соопштија американските власти.

Loading...

САД „следат научни податоци и совети од експерти за јавно здравје, се консултираат со партнери и размислуваат за активности за заштита на американскиот народ“, изјавија вчера неименувани официјални лица.

Потсетија и дека загриженост изразила Светската здравствена организација (СЗО), а слични мерки воведоа и Јапонија, Индија и Малезија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Њујорк планира да наплаќа за возење низ Менхетен, еве колку ќе чини