На силниот турнир „Смедеревска есен“ екипата на ЖРК Куманово составена од девојчиња родени до 2000/2001 година достојно го промовираше нашиот град. На својот втор настап надвор од Македонија во 2016 година го освоија високото четврто место што претставува огромен успех бидејќи учествуваа екипи од цела Европа.
Резултати од натпреварите во групната фаза:
ЖРК Куманово – HCM Olimpic (Романија) 24:28
ЖРК Куманово – RK Bijеlo Polje (Црна Гора) 17:7
ЖРК Куманово – ZRK Mladi Radnik (Србија) 16:5
ЖРК Куманово -ZRK Rudar (Црна Гора) 13:11
Ракометарките на ЖРК Куманово повторно беа многу блиску до освојување на бронзениот медал меѓутоа изгубија во клучниот натпревар од Вождовац со резултат 15:20.
Организацијата на турнирот и приемот кај домаќинот беше на високо ниво. Замерка имаме само во последниот ден бидејќи моравме да одиграме два натпревари во ист ден, особено вториот каде што ни зависеше дали ќе освоиме бронзен медал. Уморот ги стигна нашите ракометарки и не успеавме да се вратиме повторно со медал од ваков силен турнир. Меѓутоа задоволни сме од постигнатото и одиме понатаму. Во сезоната 2016/17 ќе атакуваме на шампионската титула во домашното првенство. – изјави тренерот Димитар Антевски.
Како што истакна Антевски, полека, но сигурно нашите ракометарки стануваат вистинска евро сила.