Нови полуподземни контејнери се поставуваат на осум различни локации во Куманово.
Станува збор за модерни садови за депонирање на отпад кои имаат голем капацитет, односно можат да соберат смет колку шест обични.

Ќе бидат поставени вкупно 15 полуподземни контејнери, а дел од локациите се: во близина на СОУ „Перо Наков“, Територијалната противпожарна единица, поранешен ЗИК, локалитетот Табакана, Вартекс и зад Мај маркет.
Контејнерите ги набавува општината по претходна одлука на Советот и распишана јавна набавка, а со нив ќе менаџира Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

И во текот на изминатата година вакви садови за смет беа поставени на повеќе локации во градот.
Никола Ивановски

