Се поставува последниот слој асфалт на новиот кружен тек во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е асфалтирање на завршниот слој на новиот кружен тек на булеварот „Трета македонска ударна бригада кај локалитет Серава, Куманово соопштија денеска надлежните.

Loading...

 

 

Сообраќајот се одвива согласно условите на патот и го регулираат припадници на СВР Куманово. Ова е трет кружен тек кој се гради долж булеварот.

 

 

Loading...

– Во тек е асфалтирање на завршниот слој на новиот кружен тек на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и проширување на кракот на улица „Гоце Делчев“, објави градоначалникот, Максим Димитриевски.

 

 

За време на изградбата, по реакција на граѓаните дека коловозните ленти не соодветствуваат со просторот, беше извршена корекција и беа проширени сообраќајните ленти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово изминатата недела имало најмногу заболени од грип

 

 

Loading...

На тендерот за изградба на овој кружен тек по претходно објавен оглас на општината се пријавиле две компании, избрана е кумановската „КООП ИНЖЕНЕРИНГ“. Општината од буџетот одвои 14 милиони 997 илјади 800 денари со вклучен ДДВ за реализација на проектот, стои во склучените договори на електронскиот систем на јавни набавки. Договорот е склучен на 23 март, годинава.

 

 

Во моментов, интензивно се гради втор кружен тек на локација кај Митев мост помеѓу двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, за што од општинскиот буџет се одвоени над 35, 8 милиони денари, чија изградба се очекува да заврши до средината на летото. За првиот кружен тек, изграден пред две години Куманово одвои над 20 милиони денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?

 

 

Loading...

Кумановци, пак реагираат дека поради речиси истовремената изградбата на двата кружни тека во Куманово на булеварите се оптоварува сообраќајниот метеж и се успорува сообраќајот на овие две крстосници.

МИА