Се поставува нова фасада на училиштето во село Љубодраг (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна поставувањето на нова енергетско ефикасна фасада на подрачното соновно училиште „Карпош“,во кумановското село Љубодраг, информираа денеска надлежните.

Loading...

Екипите се на терен и според надлежните од училиштето, реконструкцијата ќе биде темелна.

 

 

– Проектот покрај реконструкција на фасада опфаќа и целосно нов кров, прозорци, врати, подови, греење, пристапна рампа и тоалети адаптирани за лица со попреченост, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Претходно, беше саниран покривот на училиштето

Проектот, финансиран од Министерството за образование и наука и поддржан од општината предвидува реконструкција на покривот, подовите и тоалетите, замена на прозорците и вратите, како и изградба на нов систем за парно греење на пелети, фасада.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово изминатата недела имало најмногу заболени од грип

 

 

Реконструкцијата со адаптација на подрачното училиште во село Љубодраг се реализира во рамките на проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“, со поддршка на Министерството за образование и Општина Куманово.

 

 

Надлежните од училиштето и претставниците од МОН и општина Куманово, изведувачот и надзорот потпишаа договор на почетокот од мај, годинава.

Loading...

 

 

Изведувачот има рок од четири месеци да го заврши проектот и се очекува учениците од ова подрачно училиште од наредната учебна година да следат настава во реконструиран објект.

 

 

Училиштето е изградено во средината на 70-ите години од минатиот век.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

МИА