Се поставува бекатон на улици во населбата Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Почна поставување на бекатон на улици во населбата Перо Чичо во Куманово, информираа денеска надлежните од Секторот за комунални дејности.

Loading...

– Поставувањето на бекатон на оваа улица влезе во годишната програма. На овој начин ќе се обезбеди соодветен пристап на жителите до централните улици во населбата, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Претходно заврши поставувањето на бекатон во улиците, дел од месната заедница „11 Ноември“ во близина на Итна Помош Куманово, каде што улиците се потесни. Покрај нив се реконструираа и улиците „Вуковарска“ и „Крсте Мисирков“.

Општина Куманово одвои околу десет милиони денари за поставување на бекатон во Куманово. За поефикасно изведување на градежните работи поради големината на градот, избрани се две компании за источната и западната зона кои ќе поставуваат бекатон на краци од улиците од централно градско подрачје и во приградските населби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

МИА