СЕ ПОРОДИЛА „МРТВА ПИЈАНА“: Лекарите занемеле кога го прегледале бебето

Сподели со своите пријатели

На пијана трудница од Полска која дома предвреме го родила своето дете, а потоа го оставила и избегала од болницата и се закнуваат пет години затвор, додека полицијат аи натаму без успех трага за таткото на бебето.

Триесет и двегодишната Полјакиња девојчето го родила дома, пијана и не повикала лекари иако бебето било родено предвреме. Соседиле слушнале плач на новороденче и повикале Итна помош која бебето и мајката веднаш ги превезла во болница. Во крвта на мајката биле измерени 3,5 промили алкохол, а во крвта на бебето дури 1,7 промили. Лекарите биле шокирани.

Откако малку се отрезнила мајката на своја одговорност излегла од болницата и од тогаш обвинителството не може да ја најде ниту неа, ниту пак таткото на детето за да ги сослуша, а не се појавиле ниту во болница за да го посетат своето девојче.

За кривично дело изложување дете во животна опасност на мајката и се закануваат пет години затвор според полските медиуми.

Судот ќе одлучи дали дететот ќе и биде одземено и предадено на хранителите, откако лекарите ќе соопштат дека бебето може да ја напушти болницата. На таа Полјакиња поради занемарување и загрозување на детето и претходно судот и одземал двајца синови, од кои едниот денес има 11, а другиот само две години.

 

Loading...