Зимата привршува, а со неа започнуваат плановите за летните одмори. Кога во прашање е планирањето на летување во последните години забележан е нов тренд кој доста се разликува од стандардното еднонеделно заминување на море со семејството.
Последните години се поголем број луѓе одморите ги планираат со желба да избегаат што подалеку од пренатрупаните плажи, на некои невообичаени и единствени дестинации.
Loading...
Тоа се патници кои од своето патување очекуваат единствено искуство на летен одмор. Тие се почесто се откажуваат од традиционалниот одмор во едно место, во замена за патување кое содржи доза на авантура и културна разновидност.
Таквите патници сакаат да уживаат во локалната култура и да учествуваат во едноставно културно искуство на места на кои претходно не биле и кои не можат да ги пронајдат на никое друго место, пишува „Travel and Leisure“.
Американските туристички компании бележат пораст на интересирањето на патниците за европските престолнини, но и за помали градови, односно за дестинации кои на туристите можат да им понуда авантура надвор од урбаната патека.
Оние кои го сакаат тоа, а не можат да го замислат летото без море, се орпеделуваат за тропските дестинации на Централна и Јужна Америка, каде владее голем интерес за активности како што се нуркање и археолошки туризам.
Loading...
Слични тенденции кај изборот на дестинации за летен одмор се повеќе се забележителни и во Европа.