Подготвеноста на Австријците да се вакцинираат против корона вирусот наесен се намалува.
Само 41 процент се изјасниле дека во секој случај ќе се вакцинираат наесен, покажува истражувањето на Институтот Спектра.
Од друга страна, 32 отсто истакнале дека нема да се вакцинираат, а 27 отсто се неопределени.
Сепак, и покрај ова, 62 отсто оцениле дека Ковид19 е опасен.
Истражувањето покажало дека колку е постар испитаникот, толку е поголема подготвеноста да се вакцинира.
Во групата на лица над 50 години, подготвеноста за вакцинација била 49 отсто, а кај младите на возраст од 15 до 29 години, само 31 отсто.
Кај вакцинираните 55 проценти се подготвени да примат уште една доза, а кај невакцинираните 89 проценти воопшто одбиваат вакцинација.
Во основа 51 процент од Австријците имаат позитивен став кон вакцинацијата.
Како главна причина за вакцинирање се наведуваат самозаштитата и превенцијата од инфекција, додека превенција од пандемија само девет проценти.