Се појави снимка од црквата за време на терористичкиот напад во Русија! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Свештеник на Руската православна црква објави видео од црквата во Махачкала каде луѓето се криеле од милитантите за време на терористичкиот напад.

Loading...

На видеото се гледаат парохијани како седат на подот, а свештеникот држи мало дете во рацете.

– Сега седиме во храмот… Нашиот чувар е убиен – вели авторот на видеото.

Претходно Министерството за внатрешни работи на Дагестан соопшти дека 19 лица се заклучиле во црквата заради сопствена безбедност. Подоцна биле извадени од полицијата.

– Лицата кои се засолниле од терористите во црквата во Махачкала се изнесени од зградата на црквата – потврди претставникот на регионалното Министерство за внатрешни работи Гајана Гариева.