Остатоци од изгубениот шпански град Манасиља де ла Сиера се појавија на земјата по скоро шест децении.
Големата суша предизвикала појавување на рушевините на шпанскиот град кој е напуштен со децении, кој само излегол од водата.
Loading...
Градот се наоѓа во заспаната долина Ла Риоха во северниот дел на Шпанија, а неговите жители се преселиле во 1959 година во блискиот град како би се направил простор за изградба на резервоар за наводување на земјоделското село Алто Нахариља.
Резервоарот тогаш бил исполнет со вода, која ги заплиснувала остатоците од градот.
Сепак, по сувото и сушно лето годинава, тивкото планинско гратче одеднаш го виде сјајот на сонцето, откривајќи неверојатна глетка за локалците и туристите.
http://kumanovskimuabeti.mk/koga-prirodata-si-gi-vrakja-zazemenite-predeli-foto/
Посетителите така можеле да влезат во куќите напуштени пред повеќе од пет децении, а старите жители биле погодени со чувство на носталгија додека ги посетувале своите некогашни домови.