Се појави досега невидено интервју на Навални: „Западот не прави ништо, им служат на бандитите“

Сподели со своите пријатели

Во едно од досега необјавените интервјуа, неодамна починатиот Алексеј Навални нападна корумпирани функционери кои живеат во Лондон и, како што верувал, му помагаат на режимот на Владимир Путин да ги скрие валканите пари.

Loading...

Тоа интервју од февруари 2020 година го доби Скај њуз, а покрај нападите врз политичарите и влијателните луѓе од Западот, покојниот руски опозициски лидер зборуваше и за надежта за подобра иднина на Русија, како и за ризиците што ги знаел дека земаше.

Низ она што го кажа и како размислувал, се гледаше дека верува во европската иднина на Русија, поради што не ги одби зборовите за оние кои во таа иста Европа го поддржуваа режимот на Путин.

„Русија е европска земја, сите луѓе што живеат тука сакаат да живеат како Европа. Но, Западот навистина не прави ништо, би рекол. Танцуваат некои „ритуални танци“ за да остават впечаток дека нешто се прави, но всушност ништо не се случува“, рече Навални, мислејќи на влијателните Руси кои живеат во Лондон.

„Зошто овие корумпирани службеници сè уште живеат во Лондон? Затоа што хранат огромен број прекрасни лондонски адвокати. Овие луѓе ќе изгледаат многу цивилизирано, со задоволство ќе разговарате со нив ако седнат до вас, ќе носат вратоврска и ќе имаат добри манири, но во исто време им служат на интересите на целосни, апсолутни бандити“.

Во исто време, Одделот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Велика Британија (ФЦДО) му оддаде почит на животот на г-дин Навални со разоткривање на руската корупција.

Токму затоа што нивните цели биле исти, барем што се однесува до корупцијата во Британија.

„Сакнциониравме 2.000 поединци, компании и групи како дел од нашите напори за борба против корупцијата, додека директно ги таргетиравме елитите поврзани со Путин. Корупцијата овде никогаш нема да биде добредојдена“, се вели во нивното соопштение.

Loading...

Со зборови кои посилно одекнуваат по неговата смрт, тој изрази и надеж за подобро утре…

„Се надевам дека за 10 години, ако повторно ме интервјуирате, ќе можеме да кажеме како успеавме да ја надминеме корупцијата и перењето пари.

Интервјуто е снимено како дел од неемитуваната документарна серија „По падот“, во режија на Метју Торн и продуцирана од Ендрју Данкан.

Исто така, тоа беше едно од последните што ги даде Навални пред здравствените проблеми.

Во август 2020 година, тој беше отруен додека се враќаше во Моксва, а потоа сè доведе до тоа што се случи внатре во затворот во арктичкиот регион на северна Русија…