Се подготвувал за полумаратон, па животот го изненадил: Го чекала горчлива вистина! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Марк Џонс (45) од Армстон, во декември тренирал за маратон кога одеднаш почувствувал грутка во стомакот, за која се покажало дека е терминален карцином на бубрезите.

Loading...

Активен и пријателски настроен татко на две деца за прв пат забележал чудна маса на стомакот во декември минатата година, но помислил дека може да се работи за кила од полумаратон што го истрчал неколку недели претходно.

Било на околу една недела пред Божиќ, кога Марк станал вознемирен и почнал да чувствува силен замор и случајни болки во грбот и по телото.

 

 

Тој отишол кај својот општ лекар и бил испратен на скенирање пред да му кажат дека грутката е всушност рак на бубрегот и дека му остануваат само уште неколку месеци живот, пишува Manchester Evening News.

– Знаев дека нешто не е во ред. Отпрвин мислев дека е кила. Тренирав за маратон, па пред неколку недели истрчав полумаратон. Се разбира, секогаш размислувате за најдоброто. Ракот е последното нешто на таа листа“, рече тој.

Loading...

Веста за ракот дошла како гром од ведро небо.

– Рекоа дека ракот ми се проширил на ‘рбетот, па морале да направат радиотерапија за да ги намалат јазлите за да можам да се движам и да одам. Бев во болница и имав радиотерапија во саботата. Ја изгубив способноста во нозете затоа што ме доведоа до спинален шок – изјави Марк.

Лекарите во меѓувреме му рекле дека ракот е веќе толку напреднат што е „неизлечив“.

– Беше мал шок. Се се случи толку брзо. Штом дознав, им кажав на семејството и пријателите дека за жал ќе ме изгубат. Ќе продолжам да се борам колку што можам – истакна таткото на две деца.