Ким Дотком е основач на сајтот за споделување датотеки „Megauploud“ и сега најавува амбициозен проект – сака да направи алтернативен интернет.
Неговата мрежа максимално би ја почитувала приватноста и слободата на говорот и би функционирало без IP адреси.
– Моменталниот корпоративен интернет ќе биде заменет со подобар интернет, кој ќе работи на основа на капацитетите на стотици милиони мобилни уреди. Со новиот интернет ќе управуваат луѓе, за луѓе. Интернет неутралноста само ќе го забрза прифаќањето на оваа нова мрежа, најавува Дотком, кој вели дека изградбата ќе бара четири или пет години.
Тој мисли на укинување на интернет неутралноста која неодамна ја прогласија САД.
Тоа значи дека сега интернет провајдерите имаат се уште контрола над она што луѓето можат и не можат да го видат онлајнт.
И Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ се обидел да го убеди американскиот претседател Трамп да одржи некој вид на неутралност, предупредувајќи дека неговите противници го контролираат поголемиот дел од интернет компаниите.