„Се плашев од силување“: Исповед на пејачка од Кабул која стана мета за Талибанците

Сподели со своите пријатели

Аријана е позната пејачка и водителка на авганистанското музичко шоу „The Voice“, и ја искористи својата популарност за да ги инспирира другите жени да ги следат нивните соништа и страст за музика и да се борат за човекови права, па доби бројни смртни закани, а некои дури и директно од Талибанците.

Loading...

– Не се плашев од смртта. Се плашев да не ме фатат, да ме извлечат и да се потсмеваат на телевизија, а потоа да силуваат и да ме фрлат пред милиони луѓе како да сум парче месо – изјави Аријана Сајед (36), Авганистанка поп sвезда која беше меѓу „среќните“ кои успеаја да побегнат од Авганистан откако радикалните талибанци ја презедоа власта.

 

Аријана е позната пејачка и водителка на авганистанското музичко шоу „The Voice“, и ја искористи својата популарност за да ги инспирира другите жени да ги следат нивните соништа и страст за музика и да се борат за човекови права, па доби бројни смртни закани, а некои дури и директно од Талибанците.

– Толку пати сум била на работ на смртта. Тајната служба ме предупреди дека во Кабул циркулира автомобил – бомба испратен да ме убие, а потоа платија жена да ме убие додека снимаше емисија на националната телевизија. Стоеше само десет метри подалеку од мене, и кога ја интервјуираа во затвор, рече дека ќе повтори сѐ ако е слободна. Најтажно е што жените сакаат да ги повредат жените – изјави Аријана, една од ретките жени кои успеаа да се качат на авион со својот свршеник, и откри како е да се качи на авион во главниот град на Авганистан.

– Првиот ден кога пристигнавме на аеродром, не успеавме да се качиме на авионот. Беше хаотично. Талибанците застанаа неколку метри подалеку од нас, држејќи ги рацете зад грб и гледајќи ги луѓето. Еден од нив дојде пред мене и во тој момент, иако бев целосно покриена, имав чувство дека тоа е мојот крај, дека ме препознаа – започна пејачката.

 

Loading...

Следниот ден Аријана пристигнала на аеродромот со својот свршеник, менаџерот Хасиб Сајед, во одделни автомобили полни со деца и жени.

– На пат кон авионот има неколку контролни пунктови, а тие не запреа на еден од последните. Бидејќи беше ноќ, ги вклучија светлата и проверија кој се наоѓа во автомобилот. Се тресев, беше толку драматично. Седнав во аголот, се молев и се надевав дека нема да ни ги бараат документите или имињата, и кога ги видоа децата, не пуштија, вели таа.

Колоната за качување во авионот била долга неколку километри, многу луѓе дошле со надеж дека ќе ги пуштат без пасоши, луѓето паѓале во несвест, а детето кое стоело покрај пејачката со неговата мајка плачело толку многу што пејачката мислела дека така ќе умре па одлучила да го земе во раце.

 

– Веќе беше многу доцна, а авионот беше речиси полн. Бидејќи бев на ред да се качам, еден американски војник ме праша дали моето дете е мое. Бев во дилема. Што ако кажам дека моето дете е мое? Дали ќе ја пушти мајка му? Ја кажав вистината, а војникот го врати детето на мајку му и го затвори влезот. Таа сцена целосно ме скрши – додаде Аријана, која била последната личност што се качила во авионот таа ноќ, и ова не било првпат да мора да побегне од својот дом.

Бомба пред куќата

Loading...

Во раните 2000-ти, пејачката избегала во Обединетото Кралство со своето семејство откако бомба експлодирала пред нејзиниот семеен дом.

 

– Родена сум во Кабул, но морав да го напуштам Авганистан со моето семејство на осумгодишна возраст откако падна бомба во дворот на нашата семејна куќа. Прво отидовме во Пакистан, потоа во Швајцарија, но тие одбија да нѐ примат, па се упативме кон Обединетото кралство, каде што нѐ прифатија со раширени раце и секогаш ќе им бидам благодарна за се што ни дадоа – рече Аријана, која испрати отворено писмо до британскиот премиер Борис Џонсон во кое таа го молеше да не го заборави Авганистан.

Пејачката моментално е во Вашингтон со својот сопруг, а пред да замине за Турција, каде што купиле куќа пред неколку години, Аријана ќе го посети семејството во Лондон.

 

– Купивме куќа во Истанбул за да бидеме поблиску до нашата татковина. Турција беше одлична опција за работа и одмор, но ние го поминавме поголемиот дел од времето во Кабул.

Loading...

Пред само еден месец, Аријана отворила свој моден бренд и отворила продавница во Кабул, но морала да го остави тој сон зад себе.

– Лицата на луѓето кои останаа затворени зад металните шипки на аеродромот во Кабул засекогаш ќе останат врежани во моето сеќавање. Иако успеав да избегам, никогаш нема да ја заборавам татковината и мојот народ. Ќе продолжам да ги инспирирам жените и моите сонародници преку музика и работа. Не сум сигурна каква е судбината на оние што останаа во Авганистан, но сакам да им порачам да останат силни и никогаш да не се откажуваат – заврши Аријана.