Се плашела да скокне од зграда, инструкторот ја турнал па загинала на лице место (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)
On:
Сподели со своите пријатели
Девојка од Индија (19) загинала откако тренер за кризни ситуации ја турнал од вториот кат на зграда врз мрежа која ја држеле други студенти.
Се се случувало во рамките на вежба за спасување од евентуални природни или други катастрофи на приватен колеџ во градот Коимбраторе во индиската држава Тамил Наду, пренесува РТ.
Според изјавите на сведоците девојката се колебала да скокне, а тренерот на крајот ја турнал тврдејќи дека безбедноста и е загарантирана, затоа што нејзините колегис туденти кои стоеле на земјата ќе ја фатат во мрежа.