Се отвори дупка на сред пат, во секунда проголта дете и автомобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На мрежите кружи снимка од Букурешт, снимена на 9 октомври, каде среде бел ден се отвори дупка и за малку ќе предизвикаше трагедија.

Loading...

Го гледаме моментот кога една жена излегува од автомобилот за да го однесе синот во блиската градинка.

Одеднаш, земјата под нејзините стапала се урива.

Дупката го „проголта“ малото момче кое во тој момент излегло на улица, како и дел од камионот за ѓубре.

Вознемирената жена веднаш скокнала во кратерот за да го спаси детето, а случајните минувачи и помогнале, пишува Daily Mail.

Момчето е извлечено на безбедно, а локалните медиуми јавуваат дека не е тешко повреден.

Полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот.

По немилиот настан покрената е истрага.

Loading...

Првичните извештаи сугерираат дека ерозијата на почвата била предизвикана од канализациони цевки, во комбинација со тежината на автомобилите и комуналните возила.