Руската војска ќе го прекине огнот и ќе отвори хуманитарни коридори од неколку украински градови, вклучително и главниот град Киев, во 08:00 часот по средноевропско време и 10:00 часот по московско време, соопшти руското Министерство за одбрана.
Се отвораат коридори и од градовите Харков, Мариупол и Суми, на лично барање на францускиот претседател Емануел Макрон и со оглед на моменталната ситуација во тие градови.
Москва разочарана од одлуката на Берлин да испорача оружје на Украина
Според мапите објавени од новинската агенција РИА, коридорот во Киев ќе води до Белорусија, а цивилите во Харков ќе имаат коридор само до Русија.
Коридорите од Мариупол и Суми ќе водат до други украински градови и Русија.
Оние кои сакаат да го напуштат Киев, исто така, ќе можат да бидат префрлени со хеликоптер во Русија, соопшти Министерството, додавајќи дека ќе користи беспилотни летала за следење на евакуацијата, нагласувајќи дека „обидите на Украина да ја измами Русија и целиот цивилизиран свет овојпат се бескорисни“.
Москва разочарана од одлуката на Берлин да испорача оружје на Украина
Двете планирани операции за евакуација од Мариупол и блискиот град Волноваха пропаднаа во изминатите два дена бидејќи страните меѓусебно се обвинуваат дека не престануваат со пукањето и гранатирањето.
Само во Мариупол, украинските власти соопштија дека планираат да евакуираат повеќе од 200.000 цивили, или половина од населението во градот.