Се отвора првата „фабрика за селфи“ во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се работи за музеј во кој фотографирањето не само што е дозволено, туку е единствената цел.

Изложбата под името „Фабрика на селфи“ која се отвора претставува ново поп-ап искуство и има потенцијал да стане светска сензација. Фабриката своите врата за инстаграмерите ќе ги отвори на 23. август, и тие ќе можат да уживаат во магијата на селфи фотографиите недела дена.

Овој претприемничко-уметнички концепт потекнува од три млади девојки, кои оваа идеја ја пренесуваат од Лос Анџелес во Велика Британија. Изложбата има тенденција да стане светска атракција.

 

Loading...

 

Креаторките на идејата искористиле основни навики на миленијалците поради реализација на овој концепт.

– Луѓето делат се повеќе и повеќе фотографии, а понекогаш одат доста далеку за да направат совршена фотографија. Нашата цел е да создадеме средина во која секој може да дојде, добро да се забави и да се врати со фантастични фотографии, со кои може да се пофали пред пријателите, вели директорот на Фабриката за селфи Вил Боверс.

Leave a Reply