Се омажила за таткото на својата другарка, па сега и е маќеа

Сподели со своите пријатели

Тејлор (27) го запознала 52-годишниот Керн Лехман преку својата 30-годишна пријателка Аманда. Ништо од тоа не би било чудно да Керн не е татко на Аманда. Откако се запознале, како што велат, се родила љубов на прв поглед.

– Ми беше многу згоден. Во времето кога се запознавме јас работев со неговата ќерка Аманда. Таа беше мојата најдобра пријателка. Беше мажена, а јас бев во врска тоа време, рекла Тејлор за „Caters News Agency.“

На почетокот Тејлор била помалку скептична во врска со тоа да се забавува со татко на својата пријателка, но вели дека по некое време го надминала тоа. Се венчале во мај.

– И моите родители на почетокот беа загрижени, мама беше вознемирена затоа што тоа е татко на мојата пријателка, но знаеја дека секогаш сум излегувала со постари мажи, вели Тејлор и додава дека нејзиното семејство сега го поддржува нивниот брак.

Таа го силувала кога имал 12 години, се венчале, а сега се разведуваат (ВИДЕО)

И странците ја забележуваат разликата во годините, па Тејлор зборува дека на Керн јавниот бележник му рекол: „Вашата ќерка може да се потпише тука“, кога ја купувале куќата.

Исто така, вели и дека често ги споредуваат со Кетрин Зита Џоунс и Мајкл Даглас.

Додава дека имаат многу заеднички работи, а дека веќе и разговарале за можноста Керн да почине прв.

– Веќе се сретнавме со адвокат поради тоа, тоа не е тема со која многу жени во дваесеттите години од животот можат да се носат. Но, кој знае што носи утре, заклучила Тејлор.

Додала дека не планираат деца, а за сите оние кои ја осудуваат разликата во нивните години има и порака.

– Ако стре среќни, тоа се однесува само на вас. А до ѓаволот со оние кои ве осудуваат, вели таа.

Leave a Reply