Се омажија сијамски близначки: Вака изгледа брачниот живот во тројка

Сподели со своите пријатели

Американската учителка Аби Хенсел (34), која е сијамска близначка и го дели своето тело со нејзината сестра Бретани, се омажи за Џош Боулинг во 2021 година, но тоа остана „под радар“.

Loading...

Сега се појавија фотографии и видеа.

Родени на 7 март 1990 година во округот Карвер, Минесота, Абигејл Лорејн Хенсел и Британи Ли Хенсел се редок случај на споени близнаци кои преживеале по раѓањето.

 

 

И покрај сите тешкотии, нивните родители се труделе на своите девојчиња да им обезбедат се што имале и доживеале сите други деца, а можеби и повеќе.

Тие го делат телото – од половината надолу, а сите нивни органи – цревата, мочниот меур и репродуктивните органи се заеднички.

Loading...

Тие имаат два пара бели дробови, два ‘рбети, три бубрези и две одделни срца во целосно заеднички циркулаторен систем.

 

 

Врската на Аби со Џош, кој е татко на едно дете од претходниот брак, досега не беше толку разоткриена, бидејќи близначките во последните 10 години водат помирен живот, далеку од центарот на вниманието.

Близначките носеа венчаница без ракави со детали од тантела, додека младоженецот во сив костум.

Снимката, за која се верува дека ја снимил еден од нивните гости, е споделена на социјалните мрежи и ги прикажува близнаците и младоженецот како уживаат во танцување на најдобриот ден од нивниот живот.

Фејсбук страницата на Џош покажува дека семејството ужива во прошетки во природа, сладолед, одмори и костими за Ноќта на вештерките.

Loading...

 

@abbyandbrittanyhensel #happy #love #lovestory #forever #marriage ♬ Streets – Doja Cat

 

Тие ја чувствуваат само својата „страна“ на телото. На пример, ако Аби се повреди, Британи не го чувствува тоа, и обратно.

Ова исто така значи дека тие можат да контролираат само половина од заедничкото тело.

Следствено, нешто што здравиот човек го зема здраво за готово секој ден, како едноставно одење, барало многу труд и вежбање за овие девојки.

Бидејќи нивното тело е комплициран систем, тие требале да научат како да го користат.

 

Loading...

 

Дури и лазењето им било комплицирана задача.

Светот за прв пат ги запозна близнаците во средината на деведесеттите, кога тие се појавија (двапати) на шоуто на Опра Винфри.

После тоа беа објавени низа написи за нив, а во 2012 година имаа своја емисија на каналот TLC со осум епизоди за нивното детство, адолесценција, училиште, социјален живот, матура и патувања.

Вниманието им даде можност да го подигнат својот глас и свеста за нивната состојба, но луѓето не беа секогаш многу внимателни кон ова и понекогаш беа прилично груби и бесчувствителни.

Loading...