Се огласија од Кремљ по повод изборот на Марк Руте за прв човек на НАТО

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на рускиот претседател денеска изјави дека не очекува дека именувањето на Марк Руте за иден генерален секретар на НАТО ќе доведе до каква било промена на генералната линија на Алијансата, која Русија ја смета за непријателска.

Loading...

„Малку е веројатно дека овие избори можат да променат нешто во општата линија на НАТО“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Сега кога Алијансата е непријателска кон нас“, рече Песков.

НАТО денеска официјално го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар.

Тој на таа функција ќе го наследи Норвежанецот Јенс Столтенберг и ќе ја преземе функцијата на 1 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ е загрижена поради тоа што Русија произведува нападни дронови во Кина

Тогаш му истекува мандатот на Столтенберг, кој беше обновен четири пати од 2014 година, кога беше првпат назначен.