Се огласи синот на Болсонаро: Не го поврзувајте татко ми со немирите во Бразил

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, денеска изјави дека јавноста не треба да го поврзува неговиот татко со немирите во Бразилија од пред два дена.

Loading...

Тогаш приврзаниците на ултрадесничарскиот екс-претседател упаднаа во зградите на клучните државни институции.

„Не обидувајте се да создавате наратив на лаги дека Жаир Болсонаро има некаква врска со овие неодговорни постапки. Откако дозна за изборните резултати, тој молчи, покажува рани и практично не комуницира“, изјави неговиот син Флавио. за време на седницата на Сенатот, пренесува Ројтерс.

Во немирите во неделата вечерта беа уапсени повеќе од 1.200 луѓе. Тие упаднаа во зградите на Конгресот, Врховниот суд и Претседателската палата. Во таа прилика направиле голема материјална штета.

Жаир Болсонаро се наоѓа во САД, а вчера беше објавено дека е примен во болница во Орландо, Флорида со стомачни болки. Болсонаро неодамна неколку пати беше хоспитализиран.