Се огласи Кремљ по најавите за употреба на американско оружје за напади на руска територија

Сподели со своите пријатели

Кремљ во понеделникот соопшти дека ако САД ѝ дозволат на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во руската територија, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите и продлабочување на американското учество во конфликтот, пишува Гардијан.

Loading...

Говорејќи на редовната дневна прес-конференција, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека нема промена во ставот што Владимир Путин го искажа во септември.

Рускиот претседател тогаш рече дека нападите со американско оружје на руска територија ќе ги смета за директно вклучување на НАТО во конфликтот.

Одговарајќи на прашање на агенцијата ТАСС, Песков изјави дека Русија има информации за наводната одлука на администрацијата на Џо Бајден исклучиво од западните медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американец организирал борби со кучиња. Oсуден на 475 години затвор

На прашањето за неодамнешните мировни иницијативи покренати од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Песков одговори дека секое таканаречено „замрзнување“ на конфликтот долж постојната линија на фронтот е неприфатливо за Руската Федерација.