По говорот на рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот вечерта, американскиот претседател Џо Бајден се огласи на Твитер и објави фотографија на која потпишува нови санкции за Русија, Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.
Забранети се инвестиции, трговија и финансирање на американските граѓани со овие самопрогласени републики, како и директен или индиректен увоз на стоки, услуги или технологија од тие области.
„Потпишав извршна наредба за забрана на Русија од каква било можност да профитира од бесрамно кршење на меѓународното право. Продолжуваме да се консултираме со сојузниците и партнерите, вклучително и Украина, за следните чекори“, напиша тој на Твитер.
Откако се двоумеше да ја објави одлуката во понеделник, Британија се огласи и потврди дека денеска ќе воведе санкции кон Русија.
Секретарот за надворешни работи на Твитер напиша дека постапката на Путин „не смее да остане неказнета“.
„Во вторник ќе објавиме нови санкции против Русија како одговор на кршењето на меѓународното право, нападите врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша секретарката Лиз Трусо.
I have signed an Executive Order to deny Russia the chance to profit from its blatant violations of international law. We are continuing to closely consult with Allies and partners, including Ukraine, on next steps. pic.twitter.com/ZS81ivAPgs
— President Biden (@POTUS) February 22, 2022