Се одржа вториот Куп во едриличарство во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Дванаесет учесници од Куманово, Скопје, Штип, Прилеп и Битола денеска беа дел од вториот „Бланик куп“ во прецизно слетување со едрилица, кој се одржа на спортскиот аеродорм „Аџи Тепе“ во Куманово.

Loading...

 

 

За разлика од минатата година кога купот имаше меѓународен карактер, оваа година поради пандемијата со коронавирусот, истиот се одржа со намален број учесници, само од земјава.

– Имаше најава од другите републики од поранешна Југославија да дојдат, но бидејќи ова со коронавирусот не заврши, се создаваат поголеми трошоци, карантини и тестови и откажано е како меѓународно натпреварување, туку ќе се одржи како републичко. Ова е втор наптревар, ние се трудиме да биде традиционално меѓународно натпреварување, бидејќи во неколку од поранешните југословенски републики има вакво натпреварување, изјави Никола Петковски, претседател на Аеро клуб Куманово.

 

Loading...

 

Поддршка купот доби и од локалната самоуправа, а на учесниците успешни резултати им посака Секретарот на Општина Куманово, Даниел Стојчевски.

– Чест ни е што во Куманово се одржува овој куп по втор пат, се надевам дека во иднина ќе прерасне во традиција. Дава можност за рекреација и уживање и на самите учесници, но на овој отворен простор, почитувајќи ги сите мерки ќе имаат можност и самите граѓани да присуствуваат и да уживаат во натрепварувањето на самите учесници. Општина Куманово во нареден период ќе ги поддржи сите вакви настани и се надевам дека ќе прерасне во една традиција, изјави Стојчевски.

 

 

Членовите на Аеро-клуб Куманово се домаќини и организатори на купот, а дел од нив и по прв пат денеска се натпреваруваа во прецизно слетување.

– Досега знаете дека имавме некој период каде што едриличарството беше маргинализирано, полека успеваме да ги вратиме активностите, како во нашиот клуб, така и во државата, изјави Бобан Милановски, еден од учесниците од АК Куманово.

Loading...

– Ова ми е 5-6 натпреварување, бевме и во БиХ, во Србија, минатата година во Куманово освоив второ место. Критериумите за овој натпревар се исполнети, големо внимание обрнавме оваа година поради коронавирусот, изјави натпреварувачот Ненад Давидовиќ.

 

 

Натпреварот го организираше во соработка со Воздухопловната федерација на Македонија.

– Многу сме задоволни што Аеро клуб Куманово со поддршка на Воздухопловната федерација успеваат да го организираат вториот куп. Ова е голема шанса за сите наши спортисти, годинава не можевме да организираме меѓународен натпревар, но можеме да организираме државен натпревар. Имаме тука многу млади момци на кои ова им е прво учество, но и искусни спортисти, па да видиме денеска кој ќе биде најдобриот, изјави Биљана Еве, генерален секретар во Воздухопловната федарација.

 

Loading...

 

Како што додаде Еве потребно е државата да одвои повеќе внимание за спортските аеродроми, кои работат и живеат на шкрги.

 

 

Тест/фото: Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply