Се очекува раст на водотеците во сливот на Пчиња

Сподели со своите пријатели

Се очекува пораст на водотеците и суводолиците во сливот на реката Пчиња поради најавените врнежи кои денеска ќе ја зафатат Македонија.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден се очекуваат нови врнежи од дожд на целата територија на земјата, пообилни во западните, југозападните, северозападните и југоисточните делови на земјата.

– Се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на река Вардар, во сливот на река Треска, во сливот на река Радика, река Сатеска, во сливот на река Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Исто така, зголемување на водостојот се очекува и на река Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во сливот на река Пчиња и река Струмица, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од утре нови врнежи од дожд, на планините и снег

Инаку водостојот на Пчиња во Пелинце утринава изнесува 54 сантметри, што е двојно намалување во споредба со минатонеделниот период на дожд, но останува и натаму над просекот за овој период од годината.

За регионот на Куманово, УХМР прогласи жолт метео аларм за опасност од внрежи, но исто така и жолто ниво на предупредување за опасност од поплави.

 

 

Поради паузата од врнежи и нивното отсуство во претходните три дена, според УХМР, водостоите на реките во моментов се намалени, но земјата е прилично добро заситена со влага и новите врнежи се очекува да предизвикат побрза реакција на речните сливови и ново зголемување на водостоите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИЗМАМЕНА КУМАНОВКА: Дала 165.000 денари, со надеж за работа во Швајцарија

– Се очекуваат повторно високи водостои во наведените речни сливови а доколку се оствари прогнозата за обилни количини на дожд можни се и локални излевања, како и активирање на помалите реки и суводилиците, се наведува од УХМР.

Поради високите подземни води, како што се додава, на места е можна нивна интеракција со површинските води и појави на заезерување на водата.

– Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден, апелираат надлежните.

Никола Ивановски