Маж, чиј идентитет сè уште не е познат, се обидел да влезе со камион во зградата на телевизијата ОРФ во Кенигсберг, а потоа се заканил дека има бомба внатре.
Акцијата е во тек и неколку полициски екипи се пред зградата на телевизијата.
Човекот веднаш бил уапсен, а според полицијата станува збор за климатски активист кој и претходно бил познат на полицијата.
Превентивно целата населба е евакуирана, а полицијата врши темелно пребарување на теренот.
Се уште никој не смее да влезе во тој дел од градот.
При претрес на возилото полицијата не пронашла бомба.
Поради полициска акција утрово не се емитуваше емисијата „Добро утро Австрија“.
ORF наведе технички проблем и им препорача на своите вработени да работат од дома денес.