Се обидел да избега: Украинка со играчки сакала да го прошверцува сопругот во багажникот

Сподели со своите пријатели

Возрасните мажи од Украина не смеат да ја напуштат земјата, но 37-годишен маж се сокрил во кутија за играчки во автомобил и се обидел да ја напушти Украина со сопругата и двете деца.

Loading...

Граничната полиција го фатила на преминот Рососани со Молдавија. Автомобил полн со играчки и детски потреби им изгледал сомнително, а откако ги провериле документите на жените и децата, го прегледале багажникот.

Таму нашле човек во кутија за играчки.

„Како што се испостави, сопругата се обидела да го прошверцува таткото на нејзините деца преку граница. Граничарите не го пропуштиле патникот затоа што на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да преминуваат“, соопшти Украинската гранична служба.

 

 

Против 37-годишникот е поднесена тужба за обид за неовластено преминување на државната граница, а ќе биде поднесена  противи неговата сопруга која по член 332 од Кривичниот законик се обидела неовластено да спроведе лица преку државната граница во Украина.

Loading...

Што се однесува до забраната за напуштање на државата, има отстапувања како медицински причини, ако таткото се грижи за три или повеќе деца, ако сам одгледува дете, ако има дете со попреченост или ако посвоил дете.