Убиецот Франциско Херера Агуерта (55) од Хондурас се боидел да зибега од затвор така што се маскирал во жена, но приведен е веднаш откако полицијата забележала дека оди чудно и дека зборува со машки глас.
Облечен во долг женски фустан, блуза со деколте и русокоса перика, Херера дури и се погрижил да набави лажни гради, очила за сончање, како и да ги налакира ноктите и да стави руменило на лицето, за да од затворот со максимална бебзедност Сан Педро Сула излезе заедно со останатите членови на семејствата на затворениците по посетата.
Тој планирал да се претстави како жена Јакинта Елива Араухо, која ги оставила своите документи кај чуварите кога влегла во затворот во недела попладне.
Loading...
Меѓутоа и покрај сиот негов труд да изгледа како жена, Херера очигледно заборавил да зборува како жена и бил фанте кога земал документи кај стражарот на излазот, кои тврдат дека се посомневале во идентитетот на жената и додека им приоѓала одела чудно на штикли, пишува „Дејли мејл“.
Дефинитивно е разоткриен кога стражарот го замолил да ги тргне очилата за сонце, кога сфатил дека и покрај сите шминки и трудот немало сомнеж дека е во прашње маж.
Херера Агуерта инау бил лидер на бандата познат и како Дон Чико, а во затвор е од септември 201 година поради убиство и злоупотреба на оружје.
Челнциите на затворот порачуваат дека затвореникот бил казнет поради обид за бекство и дека можеби ќе биде преместен во озогласениот Ел Позо во затвор во Санта Барбари, попознат како најопасен затвор во Хондурас.