Се обезбедуваат средства за реконструкција на Спортската сала во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Спортската сала во Куманово треба да биде реконструирана, но засега сѐ уште не е познато кога тој процес ќе започне, бидејќи градежните зафати ќе бидат премногу скапи и комплицирани.

Loading...

 

 

Општина Куманово обезбедува средства за реконструкција, а чека и на одобрение од надлежните институции за градежна дозвола.

– Општината обезбеди два милиони денари и изготви проект за реконструкција на Спортската сала, тој е целосно завршен, аплициран во систем за добивање на градежна дозвола. Повторно со Агенција за млади и спорт, ние како општина издвоивме седум милиони денари за реконструкција на кровната конструкција и дополнителни средства сѐ уште бараме, а ни се потребни уште околу седум милиони денари за да се препокрие кровот и стави нов кров на Спортската сала. Дополнително средства побаравме од Агенцијата, за системот на затоплување и ладење на спортската сала, така да одиме чекор по чекор, изјави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

Loading...

 

Ова е само еден од објектите што државата ги врати во владение на Општина Куманово, откако претходно со години со нив стопанисуваа приватни концесионери. Состојбата во која се вратени овие објекти е катастрофална, дел од нив се разрушени и не се безбедни за било какви спортски активности.

Сепак, за разлика од Спортската сала, во далеку полоша состојба е Градскиот стадион, каде само за рушење на неупотребливите остатоци од она што некогаш биле трибини, ќе бидат потребни енормни средства.

 

Пресоблекувална на Градскиот стадион

 

– Што се однесува до Градскиот стадион, тој е во лоша состојба. Во моментов имаме сериозни проблеми и не можеме да изнајдеме финансиски средства ни да го санираме, некаде околу 300.000 евра се потребни само за рушење на постоечките трибини на Градскиот стадион кои што не може да се употребуваат. Истиот се користи само за тренажен процес на фудбалските клубови и школи кои работат на територијата на нашата општината, вели градоначалникот.

Градскиот стадион во Куманово како од ХОРОР филм (ФОТО)

Поранешното стрелиште, како што вели градоначалникот, нема да може повторно да биде функционално, со оглед дека со новиот Генерален урбанистички план е дел од заштитниот појас на меѓународната пруга кон Бугарија, која се гради.

Loading...

 

Локалитет „Стрелиште“

 

Градоначалникот се надева дека во иднина ќе може да се инвестира на фудбалските игралишта лоцирани до Спортската сала, доколку локалната самоуправа го добие спорот со концесионерите.

– Имаме уште два спорни простори, а тоа се помошните игралишта на ЗИК во близина на Спортска сала за кои општината води приватен спор со приватните концесионери коишто имаат направено узурпација и на сила ги држат самите објекти, општината води спор да ги напуштат објектите и верувам дека постапката кога ќе заврши на суд ќе можеме да влеземе и таму во инвестиција, појаснува Димитриевски.

 

 

Сепак постапката за рекнструкција на овие терени дополнително ја отежнуваат потребните дозволи од Центарот за конзерваторски услуги, затоа што дел од овие објекти се под директна заштита на државата, а тоа значи дека и по нивна евентуална реконструкција мора да го задржат постоечкиот автентичен изглед.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply