Температурите што паднаа под 0 во Амстердам повторно ги замрзнаа, по три години, нивните канали. Иако властите ги предупредија да не се лизгаат, човекот не можеше да одолее.
Видеото, кое стана „хит“ на социјалните мрежи, го прикажува овој човек како лизга на замрзнат канал во Амстердам, облечен само во боксери.
Во еден момент мразот пукна и човекот падна во студената вода.
Набљудувачите од другата страна гласно навиваат и го бодрат. Човекот потоа започна да плива кон површината, а еден од набљудувачите фрлил јаже кон него и му помогна да излезе од студената вода.
Уметничкото лизгање е холандска традиција, а сега многу ниските температури кои достигнаа до -20 ° C во Амстердам, по три години, повторно ги замрзнаа каналите.
Премиерот Марк Руте предупреди дека треба да се избегнува масовно лизгање поради ризик од ширење на коронавирус, но и бројните повреди кои можат да ги оптоварат службите за итни случаи.
И иако мразот не е доволно густ, овој човек реши да си ја испроба среќата. Многумина ја коментираа неговата одлука, пишува Мирор.
– Дури и јас можев да видам дека мразот е тенок! Среќа што е жив! – беше еден коментар.
– Добро сторено! Се чини дека тој добро го надмина тој почетен студен шок откако падна во вода, додаде друг.
Како тоа изгледаше погледнете во видеото подолу:
#Amsterdam #ijsnietoveralgoed #keizersgracht pic.twitter.com/mhZAuCQ9x6
— Geertje (@ikkomuitdrenthe) February 14, 2021