Се ќе биде поинаку: Еве како ќе живееме во 2050 година

Сподели со своите пријатели

Кога ќе се спомене иднината многумина мислат на летечки автомобили и роботи. Меѓутоа, да се вратиме на реалните проценки.

Во извештајот на ИКЕА „People and Planet Positive 2017“  се наведуваат некои од предизвиците со кои во иднина ќе се соочат не само компаниите, туку и целата популација.

Во извештајот се наведува дека температурата до крајот на овој век ќе порасне околу четири степени целзиусови во просек.

Во 1900 година само 12 градови имале население над милион жители, денеска ги има над 400, а популацијата секоја недела се зголемува за над милион жители.

До 2030 година скоро половина од светската популација ќе живее на места со недостаток на вода.

За да се борат со овие драматични промени милијарди домаќинства ќе се служат со паметно управување со енергијата.

Обединетите нации проценуваат дека до 2050 година Земјата ќе ја населуваат 9,8 милијарди луѓе, за чија исхрана ќе биде потребна 70% повеќе храна.

Ќе бидеме соочени со поголеми метежи во сообраќајот, поглеми емисии и загаденост на воздухот. И јавниот превоз ќе биде преоптеретен.

Во извештајот се наведува дека бројот на еколошките бегалци до 2050 година ќе порасне на 200 милиони поради сушите и поплавите поврзани со климатските промени.

 

Loading...