Се излепила со селотејп поради селфи, сега со задоволство би се убила (видео)

Сподели со своите пријатели

Опседнатоста со мобилните телефони и правење автопортрети, т.н. селфи фотографии е лудило кое нема скоро да престане. Едноставно, луѓето самите себе никогаш нема да си здозадат иако никој не им бара толку слики, како што самите си ги бараат. 

Меѓутоа и тоа здосадува, па некои се досетливи и прават селфи со селотејп трака. Го излепиш лицето и изгледаш како жртва од сообраќајна несреќа, многу духовито и креативно, како да не.

Оваа деовјка направила хумористична снимка во која ја исмева оваа појава. Таа се жали како пред две години ги следела трендовите. Иако родителите ја предупредувале дека нема да успее да се одлепи од селотејпот, таа не ги слушала.

Потоа бојаснува дека животот и е ужасен и дека ниту кучињата не ја препознаваат, а страшни маки има кога јаде.

Сепак, оваа тужна приказна има среќен крај. Таа на крајот вели дека сепак нашла сродна душа, момче кое исто така останало залепено по селфи со селотејп.

Секако, во прашање е шега. А, пораката е – ако не можете да одолеете на желбата да нарпавите селфи, тогаш барем избегнувајте го селотејпот, глупо е на квадрат.

https://www.facebook.com/1248607081915277/videos/2457076984519797/

Loading...