Играњето со три змии на маж од Индија за малку ќе завршила фатално.
На видеото на Маза Сајед, љубител на овие животни, се гледа како тој се обидува да изведе трик со три кобри. Играл пред змиите, влечејќи ги за опашите и мавтајќи со рацете. Една од кобрите ненадејно го каснала за колено и не сакала да го пушти додека тој во паника се обидувал да ја раздели.
– Ова е ужасен начин на ракување со кобрите… Змијата движењата ги толкува како закана и ги следи. Нејзиниот одговор понекогаш може да биде и фатален – напишала вработената во Индиската шумска служба Сусанта Нандам, пренесува порталот „Тајмс сега“.
Младиот човек е хоспитализиран откако го каснала кобра и се опоравува во приватна болница во градот Сирија, изјави Пријанка Кадам, претседател и основач на Друштвото за лекување и образование, за последиците од каснување од змија.
Кадам претходно изјави дека Сајед треба да биде казнет поради „објавување материјал во кој е очигледна злоупотребата на дивите животни“. Но, таа подоцна му предложила некој експерт да го едуцира и дека не бил арогантен.
Зборувајќи за инцидентот, експертот за змии Атул Паи од Мангалор ги предупреди граѓаните на опасноста од таквите трикови
– Ова е многу популарен трик кој многу луѓе го имитираат, но не ја разбираат сериозноста на ситуацијата! Непотребното ракување и играње може да доведе до сериозни последици – рече тој.
This is just horrific way of handling cobras…
The snake considers the movements as threats and follow the movement. At times, the response can be fatal pic.twitter.com/U89EkzJrFc— Susanta Nanda (@susantananda3) March 16, 2022