Започна изградбата на секундарната дистрибутивна гасоводна мрежа на потегот од индустриската зона до улицата „Видое Смилевски Бато“ во селото Доброшане.
Како што истакна градоначалникот Максим Димитриевски, овој проект е дел од пошироката стратегија за енергетска стабилност и намалување на загадувањето.
Станува збор за инфраструктурен зафат кој е дел од првиот пакет проекти кои Општина Куманово ги реализира со парите од унгарскиот кредит преку Владата.
Како што истакна претходно градоначалникот Димитриевски, овој проект е на барање на голем број стопански субјекти во овој дел од градот, кој ќе даде голем бенефит.
– По барање на голем број стопански субјекти кои работат таму бараат дистрибуција на гас и заедно во соработка со нашето јавно претпријатие по спроведена техничка документација, обезбедени се средства од унгарскиот кредит и изберен е изведувач фирмата „ЕХИ експорт импорт“ која е воведена во работа, рече тогаш Димитриевски.
Изградбата на гасоводната мрежа претставува значаен чекор кон модерна и поеколошка инфраструктура, од која бенефит ќе имаат веќе постоечките индустриски капацитети во зоната, а претставува и можност за привлекување нови инвестиции.
Никола Ивановски