Се гради фекална канализација во индустриска зона Новини и Речица (ФОТО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во тек е изградба на фекална канализација во индустриска зона Новини и Речица, информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

Станува збор за проектот за инфраструктурно уедување на зоната во Речица, со кој Општина Куманово аплицираше на јавниот повик на Владата за развој на општините.

 

 

Loading...

Проектот, освен инсталација на фекална канализација, предвидува и изградба на водоводна мрежа, атмосферска канализација, но и дел од внатрешни сообраќајници, како и воспоставување на режим на сообраќај и осветлување на дел внатрешни сообраќајници во индустриската зона.

 

 

Куманово доби четири милиони евра од Владата за три аплицирани проекти во првиот дел од повикот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Танцов перформанс „Пафта - Словенските корени на македонскиот народ” (ФОТО)

 

 

Loading...

Освен за инфраструктурното уредување на Индустриската зона, обезбедени се средстваи за изградба на атмосферска канализација и гасоводна мрежа на улицата „Барам Шабани“, како и изгадба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа кон Доброшане.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски