Веќе некое време се зборува за редизајн на Фејсбук, што е исто толку радикално, колку и непотребно, бидејќи повеќето корисници се целосно навикнати на стариот.
Сепак, Фејсбук активираше ново поглавје во развојот на платформата, кое вклучува спојување на апликацијата Messenger – WhatsApp – Instagram, но и единствена изглед на мрежата на Фејсбук и на паметните телефони и на компјутерите.
Со најновото ажурирање на веб-изгледот на мрежата на Фејсбук, кое ќе го имаат активирано сите корисници до крајот на годината (и нема да има враќање на стариот), настојувањето да се обедини изгледот е јасно како ден не само за компзицијата на сајтот, туку и по навигацијата која е целосно иста како и апликацијата.
Фејсбук исто така ја воведува својата гејминг платформа Facebook games, на која и е доделено место во главната навигација, веднаш до јазичињата Watch и Groups.
Најголемата новина, освен самиот редизајн, е активирање на Dark Mode, кој може да се вклучи веднаш по известувањето дека е достапен нов дизајн на Facebook.
Не, не е можно да се одложи примената на новиот дизајн и колку побрзо се навикнете на новостите – толку подобро за вас, бидејќи нема враќање на стариот и наскоро сите корисници во светот ќе го користат само новиот дизајн на мрежата на Фејсбук.
Профилот, додавањето статус и друга содржина, прозорецот Месинџер, како и Известувањата и поставките за сè што е поврзано со Фејсбук, се поместени надесно, додека центарот е резервиран за news feed, што е навистина полесно за читање и се чини дека го прави скролањето на Фејсбук подобро.
На левата страна, сега има сè што инаку беше скриено подлабоко во менијата на Фејсбук, па затоа навигацијата за новиот дизајн е нешто полесна.
Следниот чекор е целосна интеграција со Facebook Mobile, односно апликациите и пристигнување на опциите за Dark Mode за сите корисници на Android и iOS.