Се е подготвено: Во петок стартува Купот на Македонија во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово е подготвено да ги пречека осумте екипи кои годинава ќе се натпреваруваат за трофејот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ заедно со нивните навивачи.

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес конференција, задоволство е Куманово да биде чест на овој турнир.

– Посакувам на сите екипи кои учествуваат на овој куп да се претстават во најдобро светло, да ги бранат сопствените бои, а најдобриот нека ја однесе победата. Воедно на сите играчи и спортски клубови да им посакам во Куманово  да се чуствуваат како дома. Куманово ќе биде добар домаќин како секогаш, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово со пораз од ГРК Охрид

 

 

Тој изрази желба дека и во иднина ќе има можност градот да биде домаќин на ваков голем спортски настан.

Претседателот на МКК Куманово, кој е домаќин на националниот куп, Ненад Стојановски вели дека подготовките одат како што треба и се е подготвено.

– На сите екипи им посакувам успех, секако би сакал пехарот да остане кај нас. Минатата година за прв пат успеавме да влеземе со МКК во прва лига, завршивме, трети, годинава очекувањата ни се поголеми, па очекувам да го земеме Купот. Воедно ги повикувам сите љубители на кошарката да дојдат на сите натпревари, почнувајќи од првиот во петок и да дадат максимална поддршка на МКК Куманово, рече Стојановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Смилковски: Се надевам на повторување на серијата и освојување на Купот (ВИДЕО)

 

 

Спортскиот директор на клубот, Андреја Маџовски, истакна дека последните десетина дена активно се прават координации со федерацијата и со МВР за се да биде на најдобро ниво.

– Денеска добивме информација дека 90 проценти од сите гостински навивачи ќе присустсвуваат и им посакувам да се чувствуваат како дома. Овој млад клуб успеа да дојде на високот ниво. Благодарност на општината и спонзорите и нема да дозволиме трофејот да си замине од Куманово, изјави тој.

 

 

На прес конференцијата која денеска се одржа во Спортската сала Куманово, градоначалникот Димитриевски го врачи и преодниот пехар на минатогодишниот освојувач, екипата на МЗТ Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дервишевиќ: Нашите амбиции се секогаш да играме финале (ВИДЕО)

Никола Ивановски