СЕ Е ПОДГОТВЕНО: На оваа маса ќе се одржат преговорите меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Белоруското Министерство за надворешни работи објави дека во Белорусија се е подготвено за земјата да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина.

Loading...

„Се чека пристигнувањето на делегациите“, објави белоруското министерство на Твитер, заедно со фотографија од местото каде што ќе се водат преговорите.

Преговорите меѓу претставниците на Москва и Киев ќе започнат околу 12 часот (10 часот по средноевропско време), изјави шефот на руската делегација, помошник на претседателот Владимир Медински.