Се чисти депонијата на мостот на река Кумановка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Екипи на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска вршеа расчистување на дивата депонија на мостот на реката Кумановка во Средорек.

 

 

Како што информираше директорот Сашо Томиќ, се прават напори да се дојде со чистење до самата река, бидејќи ситуацијата е ужасна.

– Апелирам до сите граѓани да се воздржат од фрлање на смет во речното корито се со цел да ј азаштитиме животната и човекова средина. Ние работиме интензивно ќе ставиме заштита ограда од двете страни на реката се со цел да не дојде до несакано фрлање во истата, рече директорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  25-годишник загина на патот Куманово – Крива Паланка, откако удрил куче скитник

 

 

Во текот на неделава, како што појасни Томиќ, ќе бидат поставени две големи корпи за смет, каде граѓаните кои имаат потреба да депонираат кабаст отпад ќе можат да го сторат тоа прописно.

 

 

Сепак и покрај актвното чистење на депониите, како што вели Томиќ, за кратко време повторно има смет на истите.

– Повторно доаѓа до неконтролирана фрлање на смет на исти локации. Сега не е во толку алармантна количина, не е како што беше претходно пред да ги исчистиме тие диви депонии, меѓутоа повторно апелирам до граѓаните да се воздржат до фрлање. Имаме многу диви депонии во градот и во овој период ќе допреме до сите од нив, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Возел без положен испит, кумановец остана без своето возило

 

 

Како што посочи директорот, во овој момент најалармантна е состојбата со дивата депоанија во населбата Перо Чичо, кај улиците „Анѓа Ранковиќ“ и „6ти Април“, каде исто така ќе се спроведе акција.

Директорот најави дека до инспекциските служби ќе достават одредени пријави, по кои се надева дека ќе биде постапено.

Во следниот период, тој најави и акции за озеленување на градскиот кеј, плоштадот и неколку други локации во градот со пролетно цвеќе.

Никола Ивановски