Се чисти депонијата кај поранешниот хотел „Куба“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ денеска спроведуваа акција за расчистување на дивата депонија кај поранешниот хотел „Куба“, како дел од континуираните активности за отстранување на мини депонии низ Куманово.

Директорот на претпријатието, Сашо Томиќ, изјави дека работите се одвиваат со засилено темпо и ќе продолжат и во наредните денови, доколку тоа го дозволат временските услови.

„Во континуитет екипите продолжуваат со чистење на мини депонии, секаде кај се лоцирани во градот Куманово. Екипите работат интензивно доколку дозволат временските услови, овие акции ќе продолжат и во наредните денови“, рече Томиќ.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Печалбарите од Ирак и Авганистан утре на протест пред УЈП Куманово

 

Тој упати благодарност и до претпријатието „Куманово гас“ за поддршката во реализацијата на овие активности. Претпријатието веќе има планирани активности на повеќе критични локации во претстојниот период.

„Има многу локации, планираме нешто во село Биљановце, имаме некоја мини депонија, Стари Лозја, воени магацини, има многу локации и мини депонии, се трудиме и ќе се обидеме да стигнеме до сите нив во наредниот период“, наведе Томиќ.

И покрај редовните акции, проблемот со повторно создавање диви депонии останува присутен.

„Ги проверуваме и повторно се соочуваме со тој проблем, на исти локации, повторно фрлање на ѓубре, и сме немоќни во тој поглед“, истакна директорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник нападнат од врсници во угостителски објект во Куманово

Никола Ивановски