Се чека одлуката на Макрон: Франција денеска добива нов премиер

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе именува нов премиер, соопштија од Елисејската палата.

Loading...

Осум дена откако пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Мишел Барние, Макрон вчера ја прекина посетата на Полска и се очекуваше да го објави својот избор за премиер по враќањето во обид да стави крај на повеќемесечните политички превирања.

Откако неговиот авион слета во близина на Париз, сепак беше најавено дека ќе почека до утрово за да ја соопшти таа одлука.

Последната анкета на BFMTV покажа дека 61 отсто од Французите се загрижени за политичката ситуација.

Макрон вети дека ќе остане на функцијата до истекот на неговиот втор мандат во 2027 година, и покрај смената на премиерот Барние, кој беше на функција само три месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: До 2050 година бројот на нови случаи на рак ќе се зголеми за 77 отсто

Меѓу главните кандидати кои би можеле да го заменат Барние се лидерот на центристичката партија Демократско движење, Франсоа Бајру, министерот за одбрана Себастиен Лекорну и поранешниот левоцентристички премиер Бернар Казнев, според Би-Би-Си.