Се бара „Крипто кралицата“ од Бугарија: ФБИ нуди награда од 100.000 долари

Сподели со своите пријатели

Ружа Игнатова, позната и како „крипто-кралица“ се најде на листата на ФБИ со десет најбарани бегалци.

Loading...

Американските истражители ја обвинија Бугарката дека измамила луѓе за повеќе од четири милијарди долари преку нејзината криптовалута „onecoin“.

Таа исчезна во 2017 година, кога американските власти потпишаа налог за нејзино апсење.

Игнатова го водеше проектот „OneCoin“ и на почетокот на 2014 година на клиентите им понуди провизија доколку ја продадат криптовалутата на поголем број луѓе.

Но, ФБИ тврди дека „onecoin“ бил безвреден и никогаш не бил заштитен со блокчејн технологијата што ја користат другите криптовалути.

ФБИ ја стави Игнатова на листата на најбарани бегалци, а се бара и помош од јавноста за да ја фатат.

 

Loading...

 

Вчера понудија награда од 100.000 долари за каква било информација за тоа каде се наоѓа „крипто кралицата“, како што ја нарекуваат.

Би-Би-Си вели дека една од причините зошто Игнатова е толку тешко да се најде е тоа што исчезнала со најмалку 500 милиони долари, што и помогнало да се скрие од законот.

„Веруваме дека има висококвалитетни лажни лични документи и дека го променила изгледот. А можеби и не е веќе жива”, изјави новинарот Џејми Барлет, кој со години го истражува целиот случај.

Игнатова последен пат била видена како се качува на лет од Бугарија за Грција во 2017 година и оттогаш и се губи секаква трага.

Како што пишува Индекс, Бугарката сепак успеала да ја измами поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, која заедно со уште една хрватска политичарка го поддржала Конгресот на претприемачи во 2017 година со компанијата „OneCoin“.

Откако Индекс откри дека генерален спонзор на Конгресот е претприемач од Југоисточна Европа, сомнителна компанија која беше предупредена и од Хрватската народна банка, и двајцата спонзори, потоа претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ и тогашната вицепремиерка Мартина Далиќ, го откажаа своето присуство.

Но, на официјалните страници на Конгресот, тие уште извесно време беа наведени како покровители.

Loading...