Малечката Лили Ме (10) од Тексас се бори за живот откако во текот на безгрижен викенд со родителите на реката Брејзос се заразила со амеба која и го уништува мозокот.
Девојчето веќе во неделата на 8 септември добило болки во главата и набрзо ја фатило треска.
„Станала некохерентна и нереспонсивна, па ја однесовме во Итната помош, објавија членовите на семејствто на Фејсбук страницата Lilistrong (#Lilystrong), која е покрената во знак на поддршка на малечката.
Меѓутоа, медицинските анализи покажаа дека Лили се заразила со амебата Naegleria fowleri.
„Таа амеба е ноќен кошмар за секој пациент“, се жали Кристал Ворен, вујна на Лили.
„Не разбираме токму како се заразила, а тој ден таму се бањаа многу луѓе“.
Од американскиот Центар за контрола и превензија на болести објаснија дека амебата е едноклеточен организам кој живее во топлите води како што се реки и езера. Амебата во телото влегува низ нос, доаѓа до мозокот и таму го уништува мозочното ткиво, известува Си Ен Ен.
Статистиката е застрашувачка. Меѓу 1962 и 2018 година во САД со оваа амеба се заразиле 145 луѓе. Само четворица преживеале. Семејството на Лили се надева и моли за помош таа да биде петта.