СДСМ убедливо пред ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, покажа анкетата на ИРИ

Сподели со своите пријатели

Доколку локалните избори се одржат сега, за СДСМ би гласале 28% од граѓаните, додека за ВМРО-ДПМНЕ довербата би ја дале само 7 проценти од кумановци, покажа најновата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Loading...

Седум отсто од испитаниците одговориле дека би гласале за ДУИ, три отсто за Алијанса за Албанците, а два отсто за БЕСА.

За независен кандидат би гласале пет отсто од испитаниците, но дури 12 проценти рекле дека ако изборите се одржат сега, не би излегле на гласање.

Голем е и процентот на оние кои рекле дека не знаат, вкупно 15 отсто, додеак 16 проценти од испитаниците одбиле да откријат за кого би гласале.

 

 

На прашањето дали го знаат името на градоначалникот на Општина Куманово, 92 отсто од испитаниците одговориле потврдно.

Loading...

 

 

Кумановци не ги знаат членовите на Советот, невработеноста им е најголем проблем

Огромен број од испитаниците рекле дека не можат да кажат име на ниту еден претставник на Советот на Општина Куманово, 25 отсто можат да набројат еден до двајца, а 14 отсто три до пет членови.

 

 

Loading...

На прашањето дали работите во општината одат во подобра или полошта насока, дури 47 отсто од испитаниците рекле дека оди кон полошо, а 36 отсто дека оди на подобро.

Како најсериозни проблеми со кои се соочува Општина Куманово, според испитаниците во анкетата на ИРИ, на прво место е невработеноста и локалната економија со 18 отсто, следува урбаното планирање и развој, ифраструктурата и патиштата, водоводна и канализациска мрежа, безбедност, едукација итн.

 

 

Граѓаните донекаде задоволни од работата на актуелниот градоначалник

На прашањето дали централната или локалната власт водат повеќе грижа за граѓаните, дури 42 отсто рекле ниту едните, ниту другите. 14 отсто сметаат дека централната власт подобро ги менаџира работите, а 16 отсто дека е подобра локалната власт.

Донекаде задоволни од работата на сегашниот градоначалник се 41 отсто од граѓаните, многу задоволни рекле дека се седум отсто од испитаниците, 21 процент се донекаде задоволни, а 28 отсто се незадоволни. Слични се процентите и кога станува збор за Советот на Општина Куманово.

Loading...

 

 

Триесет и два отсто од испитаниците во анкетата рекле дека моменталниот градоначалник треба да биде резибран.

Анкетата на ИРИ во Куманово е спроведена на примерок од 277 испитаници.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply