СДСМ со митинг во село Пчиња (фото)

Сподели со своите пријатели

Кандидатите за пратеници во втората зиборна единица од редовите на СДСМ вчеравечер одржаа мини митинг во селото Пчиња каде пред граѓаните промовираа дел од својата предизборна програма.

Дел од мерките ги промовираше и Мирослав Јовановиќ од Српска странка кој потенцираше дека поради лошата политика на ВМРО-ДПМНЕ од државата се иселени над 600.000 граѓани.

Идната власт на чело со Зоран Заев нуди реална програма за живот во Макеоднија. Програмата нуди минимална плата 16.000 денари до крајот на првиот четиригодишен мандат. Просечна плата од 30.000 денари, помош на домашни фирми од 140 милиони евра, за секоја бизнис идеа 10.000 евра неповратни средства. Враќање 15 проценти ддв на секој граѓанин, враќање на ефтината тарифа, укинување на радиодифузна такса, екстерно тестирање – рече Јовановиќ.

Кандидатот за пратеник од Куманово, Максим Димитриевски истакна дека токму власта во изминатите години ги поделила граѓаните на патриоти и предавници.

Ние сакаме нешто поинакво од тоа, да го обединиме и сплотиме народот. Велат ако дошол Заев ќе прави федерализација па кој прави и дали воопшто ја побарал. Единствено што зборуваме е дека живееме во една држава во која покрај македонскиот народ живеат и други кои ги имаат сите права согласно уставот загарантирано, нит некој зборува за употреба на јазици ниту за менување устав, суштината е дека говорат за федерализација а тие всушност ја поедлија макеоднија на источна, западна и централна. Ја дадоа земјата наводно на земјоделците поделија субвенции а всушност под наводници субвенциите ги даваат на членовите на семејството. Додека секој кој поднесува барање за субвении на годишно ниво и оди два пати годишно на оние жештини да поднесува образец и доколку е лојален на фамилијата на влас – рече Димитриевски.

Дел од мерките на СДСМ ги најави и Фросина Ременски, од листата кандидати за пратеници во втората изборна единица.

Воведуваме државна социјална пензија во висина од 40 проценти од просечната пензија во р.м затоа што утврдивме дека во Република Македонија многу наши граѓани кои не исполнуваат право за остварување пензија односно минимум 15 год стаж се оставени на немилост на државата. Се вистински социјални случаи за да не останат нашите граѓани баби дедовци, кои работеле не платена работа на милост и немилост ќе им обезбеди пристоен месечен приход за остварување приходи…. Ќе ги зајакнеме сите мерки кои же го кренат животниот стандард на граѓаните, почнувајќи од растот на минималната плата зголемувањето на просечната плата за да можеме да дојдеме и до повисоки пензии – рече Ременски.

remenski-nikola

 

Вечерва со почеток во 19:30 на градскиот плоштад ќе се одржи и централниот митинг на СДСМ и коалицијата.