СДСМ славеше на градскиот плоштад во Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Членовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Куманово вечерва на градскиот плоштад прославија победа на парламентарните избори.

 

 

Голем број симпатизери на партијата спонтано се собраа на градскиот плоштад каде се обрати и Максим Димитриевски од редовите на СДСМ, кој истакна дека само СДСМ можеше да ги спои сите.

Тука ги сакам вечерва на овој плоштад сите знамиња на сите етнички заедници во Куманово, од тука тргна победата и тука ќе се заврши победата. Од вечерва преземаме обврска да ја пишуваме новата современа македонска историја. Но, не онаа каок што беше 11 години. Таа беше негативна, а ние ќе пишуваме позитивна историја. Ги следевме резултатите, чест и достоинство беше денеска за секој граѓанин да учествува во овој зиборен процес. Им симнувам капа на сите граѓани кои се одважија да дадат поддршка на опозицијата и на нашиот лидер Зоран Заев. Сакам едно да знаете. Да не чувствувате како ваши партеници, сите до еден немаме намера да ве делиме на ваши и наши. За нас ќе бидете сите исти, дали сте Срби, Роми, Албанци, Власи, Турци или било кој кој живее во Македонија, за нас гласаа сите граѓани на Македонија и ќе бидеме ваши претставници во законодавниот дом – рече Димитриевски.

 

Свое обраќање пред своите граѓани имаше и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој истакна дека ова е нешто најубаво во неговата политичка кариера.

Јас денеска добив честитки до ВМРО за победа. Сретнав луѓе и велат честита победа во Куманово. Не во Куманово, тука почнува рушењето на режимот, чекаме уште неколку места и да објавиме голема победа за Македонија. Македонија тоа го заслужува после 10 годишно ропство, вие заедно со сите нас усмеавме да направиме она што никој до сега, да бутнеме режим на демократски начин, со ливче. Македонија направи голем чекор, Македонија е денес слободна и демократска – рече Дамјановски.

 

Дел од симпатизерите на СДСМ заминаа и во Скопје на централната прослава на СДСМ, иако резултатите се уште се неизвесни.