Дел од кандидатите на литата на СДСМ и коалицијата во втоарта изборна единица, денеска на градскиот плоштад се сретнаа со граѓаните на Куманово, каде разговараа за нивните проблеми, но и одблизу им ја претставија својата програма.
Дел од мерките ги претстави и Лидија Тасевска, која најави дека сиромашните граѓани ќе плаќаат помал данок за разлика од побогатите, најави укинување на радиодифузната такса, враќање на ефтината тарифа на електрична енергија секој ден.
Сите овие мерки се во насока на подобрување на животот на граѓанинот бидејќи семејниот буџет е доста важен, а ние знаеме денеска за жал дека во Македонија има се повеќе и повеќе сиромашни граѓани. Институциите, оние кои се важни во општината и оние на републичко ниво ќе работат во две смени затоа што граѓанинот мора да ги заврши сите свои потреби кои ги има, значи тие ќе работат до 20 часот. Понатаму ќе воведеме нова државна социјална пензија за оние граѓани кои немаат доволно стаж за да имаат пензија и затоа не треба да бидат обесправени. Ќе го вратиме достоинството на сите оние кои за време на овие 10 години мислиме дека се навистина онеправдени и сакаме да имаат побезбеден и поздрав живот. – вели Тасевска.

