Општинската организација на СДСМ Куманово по 25ти пат во понеделник ќе организира традиционална прослава на Бадник со почеток во 20:30 часот на градскиот плоштад.
Loading...
– Ве покануваме на Градскиот плоштад, на пригодна музичка програма, на која ќе не’ забавуваат пејачката Даниела Темелковска, Оливер и Фамосо бенд и рок триото Зез. Со топли пијалоци, ќе бидат поделени бадникови лепчиња со 10 сребрени парички и 1 златник за најсреќниот, информираше на прес конференција Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на СДСМ Куманово.
Од партијата на граѓаните им ги честитаат новогодишните и божикните празници и ги повикуваат на заедничка прослава во понеделник.